
Со истата одлука замрзнат е и имотот што се води на неговите две малолетни деца, а кој што Рашковски им го препишал откако Обвинителството отвори постапка против него.
Во предметот што се води против четири лица, за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување на постапки за јавна набавка како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237,00 денари. Спрема едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото решение спрема две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот е законски застапник, е определена привремена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп“, велат од Обвинителството.
Одлуката на Кривичен суд е донесена по барање на обвинителката Ивана Трајчева, а освен на Рашковски, замрзнат е имотот и на фирма која била сопственик на возило управувано од Рашковски, а за кои сега се води истрага.






