четврток, 21 мај 2026

Обвинителството оформи предмет за извидничкиот камп, организаторите повикани на разговор во МВР

Објавено на

часот

Сподели

Со родителот, како што ни потврдија од МВР, извршен е разговор, а за случајот е известен и јавен обвинител, Министерството постапува по насоки дадени од обвинителството за расчистување на случајот

Според информациите од МВР, до лицата, кои се инволвирани во активностите на извидничкиот камп, по насока на обвинителството, испратена им е покана и се очекува во најскоро време со нив да се изврши разговор за случувањата на настанот.

Од обвинителство исто така потврдуваат дека  дежурен јавен обвинител е известен за настанот и издал насоки до МВР за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба.

Случајот го објави „Слободен печат“, во чија редакција се обратил родител, а според неговите тврдења на кампот во близина во Скопје имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции, под превезот на сексуална едукација.

Тој сведочел дека неговата малолетна ќерка на кампот, кој се одржал изминатиот викенд доживеала шок и трауми на извидничкиот камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

За случајот реагираше Хера, Асоцијацијата за здравствена едукација, која апелира за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување на случајот поврзан со извидничкиот настан.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ