четврток, 21 мај 2026

Кривични пријави против градоначалникот на Петровец и уште четири лица

Објавено на

часот

Сподели

Против овие лица, како што рече Муареми, постојат основи на сомневање за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари.

Муареми рече дека првопријавениот е градоначалник на Општината, второпријавениот е во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Аце транс компани” ДООЕЛ Скопје и правниот субјект „Леома транс” ДОО Скопје, третопријавениот е во својство на инженер за надзор, четвртопријавениот е во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „СМ Бау” ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Чола топ” ДООЕЛ Батинци, а петтопријавениот е во својство на управител на пријавениот правен субјект „Аце транс компани” ДООЕЛ Скопје.

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, во тој контекст, рече дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец.

„Финансиската полиција постапи по пријавата и вчера ја поднесе кривичната пријава за направена оштета на буџетот на општина Петровец од над 1.5 милион евра“, изјави Николовски.

Вицепремиерот информира дека пристигнати биле повеќе претставки и за работата на повеќе спортски федерации, за што целата документација е предадена до Јавното обвинителство да постапува.

Николовски упати повик до јавноста да се користат сите алатки и да се пријавуваат неправилности, мито, корупција, криминал…

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ