петок, 15 мај 2026

Канческа-Милевска не е обвинета за „27 април“ оти за неа освен дека ангажирала уметници, нема други докази

Објавено на

часот

Сподели

„Не ми е јасно зошто одбраната бараше одложување на завршните зборови кога измената на обвинителниот акт се однесуваше на нивните завршни зборови”, посочи обвинителката Русковска.

За тоа дека во завршните зборови таа ја спомена и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска од која цитираше и пораки, а не е во обвинението, Русковска одговори дека тоа е така бидејќи освен тоа дека ангажирала уметници за на протестите, не се обезбедиле никакви докази за сторено кривично дело.

„Нема обвинение бидејќи немавме докази дека освен ангажирање на уметници и познати личности, направила било што друго конкретно. Јас го споменав и Кирил Божиновски, но освен тоа немавме други докази за нешто поконкретно”, изјави Русковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ