сабота, 16 мај 2026

Јовески, Русковска и Вели на Меѓународна конференција на шефовите на обвинителствата од Европа

Објавено на

часот

Сподели

На конференцијата на повеќе теми свои излагања имаа шефовите на обвинителствата од европските држави, пред кои поздравно се обратија генералниот обвинител на Руската Федерација И.В. Краснов,  претседателот на Меѓународната асоцијација на обвинители, Чеол-Кју Хванг, генералениот директор за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа Ц. Гакумопулос, претседателот на Консултативниот совет на обвинителите од Европа А.В. Ногуера,  претседателот на Европската комисија за ефикасност на правда  Р. Гурбанов и потпретседателот на Венециската комисија Бази Малаури.

Говорејќи за обвинителите како учесници во судската постапка и за заштита на човековите права и улогата на обвинителствата согласно Европскиот суд за човекови права, шефовите на обвинителствата од Европа се осврнаа на заштитата на јавниот интерес и гарантирањето на правата на поединецот во кривичната постапка, но и за улогата на јавните обвинители во заштитата на јавниот интерес и индивидуалните права надвор од кривично правната област.  Во таа насока, присутните дадоа мислење за европските правни стандарди во светло на Препораката CM/Rec (2012)11 – Улога на јавните обвинители надвор од  системот на кривична правда.

На меѓународната конференција учесниците опфатија дел од областите каде обвинителите имаат значајна улога за обезбедување на усогласеност на националните законодавства со европските потреби. Стана збор за приоритетни области, како што се заштитата на животната средина, заштитата на социјалните права на граѓаните со осврт на здравствената заштита, борбата против компјутерскиот криминал, заштитата на правата на претприемачите, развојот на институтот –  обезбедување бесплатна правна помош.

Љубомир Јовески во своето излагање особено се осврна на борбата против илегалната миграција во контекс на заштитата на правата на мигрантите и борбата против заканите од тероризам.

Јовески на покана на руските медиуми даде изјава за значењето на конференцијата и јакнењето на меѓународната соработка, соопшти Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ