Судскиот совет еднаш во месецот одржува седница посветена на граѓанските претставки и на тие седници се носат одлуки за десетици предмети, откако претходно членовите на Советот ќе реферираат за секоја претставка одделно“, вели Црвенковска во интервју за МИА.
Црвенковска нагласува дека во моменов во земјата има околу 490 судии, што е повеќе од европскиот просек, но и дека судовите не се ажурни.
„Ако бројот на судии се намали, тогаш пропорционално ќе расте бројот на нерешени предмети и ние постојано ќе го трупаме судството со нови и нови предмети“, вели Црвенковска.






