недела, 17 мај 2026

Ако пратениците одлучат, ќе прифатам да бидам уставен судија, вели Јовески

Објавено на

часот

Сподели

Јовески, моментално е на Меѓународна конференција во Санкт Петербург, Русија, за „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот интерес во светло на препораките од Европската конвенција за човековите права”, заедно со јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Елвин Вели и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

„Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција“, изјавил за ТВ24 Јовески.

Кон крајот на мај годинава им завршија деветгодишните мандати на уставните судии Елена Гошева, Сали Мурати и Никола Ивановски.

Уставниот суд, моментално наместо со девет одлучува со шест судии и претседателката Добрила Кацарска неколкупати јавно порача да се побрза со изборот за судот да има полн капацитет.

Кандидати за уставен судија може да предлага секој член на собраниската Комисијата за избори и именувања. Предлозите кои ќе поминат гласање во комисијата, потоа одат на гласање на пленарна седница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ