понеделник, 20 април 2026
Синдкална кошница

Повеќе од 1.100 евра му биле потребни на едно семејство за основни трошоци во април

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818  денари е зголемена за 979 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Објавено на

часот

Сподели

Со изнајмен стан од 60 квадрати, наведува ССМ, за април изнесува 84.172 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци, јануари, февруари, март и април 2026 година, изнесува 3.305.денари.

За храна и пијалаци потребни се 26.085 денари, по што следуваат Образование, 7.000, денари, Станарина, вода, електрична енергија и греење, 6.338 денари,  Облека и обувки, 6.129 денари, Рекреација и култура, 5.592, Транспорт, 4.961, Ресторани и хотели, 4.131, Лична хигиена и одржување на хигиена во домот, 2.667 денари, Комуникации 3.417, Здравје, 1.185.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ