„Зборовите што ми ги упати беа ,’Цаци, готова си’. Во станица посочив дека нападот доаѓа после пратеничко прашање кое го поставив минатата недела во врска со дете одземено од неговата мајка и доделено старателство на таткото, но моето прашање не беше за самата судска предуда туку за постапувањето на службеник од Центарот за социјални работи кој без да има таква одлука се обидел да го одземе детето од мајката и да го предаде на таткото. Причината поради која знам за ова е затоа што самата сведочев во два наврати дека детето не сакаше да се оддели од мајката, бидејќи таа живее кај мене на спрат“, изјави Петровска за „Слободен печат“.
На седницата за пратенички прашања, одржана на 27 јуни годинава Петровска го праша Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, дали министерот ќе постапи според надлежностите и дали ќе биде санкционирно „своеволието на корумпираните службеници од Центарот за социјални работи Скопје со цел да се заштити здравјето“ на четиригодишниот син на Невена Спасеска за кое со нејзиниот поранешен сопруг водат спор за старателство. Петровска одговор не доби бидејќи министерот и заменикот министер не присуствваа на собраниската седница.
Случајот со малолтниот син на Невена Спасеска повторно во Собрание (ВИДЕО)
Случајот со скопјанката Невена Спасеска и борбата за старателство врз нејзиниот четиригодишен син го отовори МКД.мк уште пред повеќе од година и половина.
Пред Петровска овој случај се најде пред пратениците откако пратеничката Иванка Василевска од собраниската говорница побара одговори како е донесена сомнителната пресуда во Апелацискиот суд Битола со која детето му се доделува на таткото, охридскиот моќник Спасе Спасески, осуден за семејно насилство.
Случајот со старателството на четиригодишното дете и таткото осуден насилник стигна до Собрание