Тоа што ќе се реши, како што кажа, секако на крај ќе се соопшти на медиумите и на јавноста.
Што ќе реши мнозинството тоа ќе биде одлуката. Ќе видиме како ќе тера дебатата внатре. Ако се отвори постапката ќе има секој право да се кандидира што ги исполнува условите, рече Зеќири.
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.
Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ која ќе се одржи вечер, беше одложена во вторникот поради тридневната жалост.






