недела, 3 мај 2026

Заврши пописот, резултатите во март идната година

Објавено на

часот

Сподели

Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците, како и технички активности на раздолжување на попишувачите. Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022 година.

До синоќа во 20 часот, што е и последна официјална информација на Заводот за пописот во Македонија, попишани се 1.813.153 лица, додека до утрово во 7.30 ласот во дијаспората се самопопишале вкупно 203.144 лица со македонско државјанство.

Пописот 2021 се спроведе според нова методологија според стандардите на Евростат со комбиниран модел – освен прибирање на податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Според состојбите од терен и глетките пред општинските канцеларии, еден број од граѓаните не биле посетени или најдени од страна на теренските попишувачи, па останува директорот на Заводот Апостол Симовски вечерва на прес-конференција, меѓу другото, да соопшти колкав број на граѓани не се попишани и како тие податоци за нив ќе бидат обработени и дополнети во сумираните податоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ