понеделник, 4 мај 2026

Заев за локалните избори: Добивме „жолт картон“ од граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

Тој упати благодарност до партнерите од владината колација кои, како што наведе, денеска во текот на целиот ден јасно порачаа дека остануваме заедно на демократскиот и европскиот пат и ги потврдија своите заложби држават да продолжи да се движи напред.

„Во овие моменти навистина значи јасно и јавно искажаната определба да бидеме обединети во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и во обезбедувањето подобра иднина за целиот наш народ. Денеска се разобличија сите дезинформации кои ги слушавме претходните денови за наводни нови мнозинства. Денеска имаме јас потврда, имаме владино мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена. Продолжуваме да работиме посветено заедно за доброто на граѓаните. Но ние пред себе имаме друг предизвик, граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна, ние тој став, тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме“, потенцираше Заев.

Тој нагласи дека се свесни оти повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки.

„Ние сме партија која ги слуша луѓето, а не гази врз нив. СДСМ учи, се менува, и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните. СДСМ од понеделникот е влезена во процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција и комуникација со граѓаните. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде народот и СДСМ се менува“, заклучи лидерот на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ