четврток, 7 мај 2026

Заев: Утрово во 3.30 часот за несреќата ми се јавија премиерот Јанев и претседателот Радев

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање по посетата на повредените во болницата Пирогов во Софија, премиерот Зоран Заев рече дека не би можел да зборува за причините за автобуската несреќа и дека тоа ќе го кажат надлежните органи и професионалните експерти.

„Јас разговарав со повредени во несреќата, но не би можел да интерпретирам, знаете, кога ние политичарите изјавуваме такви нешта тогаш може да настане проблем, затоа велам, професионалците ќе кажат.

Кога избувнал оган во автобусот, патници од задниот дел од автобусот успеале да скршат стакло и еден број од нив успеле да се спасат скокајќи од автобусот“, рече Заев.

Дел од членови на семејствата кои се повредени стигнале во болницата во Софија и разговарале со своите блиски, повредени лица, информира Заев.

Тој рече дека најпрво ќе оди на средба со премиерот Јанев, а потоа ќе се види дали ќе се оди и на местото каде се случила трагедијата.. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ