„Како стратешки партнер на САД, Северна Македонија е посебно горда што од 2020 година, Северна Македонија и САД се сојузници и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса во историјата на светската цивилизација. Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени“, напиша Заев на фејсбук по повод 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.
Нашите граѓани, како што вели, денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава и заради нашето партнерство и сојузништво со САД, и заради поддршката што земјата континуирано ја добива низ разните програми за поддршка на развојот на нашата демократија и институции.






