петок, 1 мај 2026

Заев потврди: 17 октомври е датумот за локалните избори

Објавено на

часот

Сподели

„Датумот, според предлогот од работните групи во кои учествуваат сите политички партии е 17, односно нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми заради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но на крајот се заклучи дека трите дена не менуваат ништо, пописот е активност којашто финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем, пописот секојпат се држел 20 дена, овој пат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите“, изјави Заев.

Според него, предлогот за прагот на поднесување на независните листи е 2 проценти од вкупниот број избирачи.

„Ако има општината 10.000 избирачи, треба 200 потписи за да се поднесе независна листа. Ако има 50.000 избирачи, треба 1.000 потписи за да се поднесе независна листа“, додаде Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ