недела, 3 мај 2026

Заев не знае за скандалот со извидничкиот камп, побара писмено прашања за да одговори

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на извештајот на германските експерти, Заев рече дека начелно тој се очекува за околу две недели по нивното заминување.

„Колку што сум информиран од министерот за внатрешни работи по заминувањето на германските експерти начелно за околу две недели се очекува да стигне нивниот извештај“, посочи Заев.

Прашан за негов став за извидничкиот камп што го организираше Скопскиот извиднички камп, Заев рече дека не е информиран и побара новинарското прашање да му биде доставено на писмено.

„Што е тоа за извидничкиот камп? Не знам што се случува во моментов. Не сум информиран. Ако ми појасните што е тоа со извидничкиот камп. Ве молам писмено да доставите за што точно се работи да дадам одговор за личен мој став или за став на Владата. Навистина првпат слушам за ова“, рече Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ