четврток, 7 мај 2026

Заев му честиташе на Шолц, се надева на интензивирање на македонско-германската соработка

Објавено на

часот

Сподели

„Искрени честитки до новиот германски канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Во изминативе години ја продлабочивме соработката со Германија како наш искрен пријател и стратешки партнер. Верувам партнерството помеѓу Германија и Северна Македонија ќе се интензивира и надгради”, објави Заев на социјалните мрежи.

Олаф Шолц од социјалдемократите е именуван за деветти канцелар на Германија на кратка церемонија во претседателската палата во Берлин. Тој денеска ја доби поддршката од германскиот Парламент за да ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар, при што членовите на Бундестагот гласаа со големо мнозинство по партиска линија на тајното гласање. 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ