среда, 6 мај 2026

За политичката криза во Македонија одговорни се и некои земји од ЕУ, вели Маљас

Објавено на

часот

Сподели

„Се наоѓаме во фаза, која би рекол дека беше предвидлива по неуспехот на некои земји членки на Европската Унија да дадат зелено светло за пристапните преговори, кои беа еден од многу силните мотиви за потпишување на Договорот од Преспа и секако за ратификацијата од Собранието во Скопје.  Дозволете ми да кажам дека постои одговорност на конкретни држави од Европската Унија“, вели Маљас.

Како што јавува МИА од Атина, за гласањето недоверба на Владата во четврток, тој додава дека не е во позиција да го предвиди исходот и „како ќе гласаат пратениците од албанските партии“.

„Но, она што можам да го кажам со голема доза на сигурност, бидејќи бев амбасадор во Скопје, е дека сите албански партии како услов за соработка со ВМРО и со ДУИ на Ахмети, ќе го постават нераскинувањето на Договорот од Преспа. Спроведувањето ќе биде проблематично“, изјавил Маљас.

Во однос на Договорот од Преспа, тој објаснува дека има две особености, едната е дека важи засекогаш, односно на неодредено време и втората е дека никој не може да го раскине.

Одговарајќи на прашањето што ќе се случи доколку новата Влада е од ВМРО-ДПМНЕ и штом не може да го раскине договорот, едноставно да не го почитува, Маљас објасни рече дека „терапијата за прекршувањето на договорот е многу нецелосна“ и постојат три нивоа што би следеле.

„Што вели Договорот од Преспа? Прво Атина ја информира другата страна дека според нашето мислење,  го прекршува договорот и ќе треба другата страна да одговори. Второто ниво е Генералниот секретар на ОН, кој претпоставувам, со многу голема тешкотија би сакал лично да започне да се вмешува во прашање кое смета дека е завршено. И третото е тужба до Меѓународниот суд на правдата во Хаг, или заедничка или ако Северна Македонија не сака да се согласи, можеме по шест месеци сами да се обратиме. Ова го предвидува договорот. За правдата за Грција во Хаг, ќе бидат потребни многу години“, објасни Маљас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ