„Воедно информациите треба да бидат точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да се каже или објави“, се вели во соопштението од АВМУ.
Имајќи ги предвид размерите на трагедијата, Агенцијата апелира радиодифузерите да ја прилагодат својата програма и да емитуваат содржини соодветни за вакви настани, односно да не емитуваат забавна програма и, доколку се во можност треба да го прекинат и емитувањето реклами.






