четврток, 7 мај 2026

За борбата против корупцијата неопходна е одлучна заедничка акција, порача ДКСК

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на конференцијата Државна комисија за спречување на корупцијата ги акцентираше досега реализираните активности. Зголемен број на предмети, дигитализација за поголема ефикасност, анализа за проценка на ризиците од корупцијата во повеќе области и интензивирање на соработката со повеќе институции се главните области на кои ДКСК работеше фокусирано во текот на годината.

За унапредување на борбата против корупцијата и судирот на интересите, ДКСК минатата година за прв пат изготви и анализа за дискреционите овластувања во повеќе сектори.

„И покрај напорите за подобрување на состојбите, корупцијата е сѐ уште голем проблем во нашето општество, за што се потребни системска акција, поголемо вклучување на граѓаните и подигнување на свеста на јавноста за тоа дека корупцијата не смее да се толерира и не смее да биде неказнива. Повеќе од јасно е дека корупцијата влијае на развојот на земјата, а истовремено ја зголемува и недовербата кон институциите. Преку корупцијата јавните ресурси се пренасочуваат во џебовите на корумпираните поединци наместо на потребните инвестиции во интерес на сите граѓани со кои ќе се подигне квалитетот на животот. Затоа апелирам до сите институции да се вклучат и да ја зголемат ефикасноста во борбата против корупцијата”, истакна Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Во текот на 2021 година Комисијата, покрај другите активности, отвори 788 предмети, меѓу кои и за високи функционери.

На конференцијата се обрати и Џулијан Васало, заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, кој порача:

„Корупцијата ја подрива демократијата и владеењето на правото, односно основата на европските општества. Ја продлабочува нееднаквоста и ја подрива социјалната кохезија. Ги засега сите области на животот. Борбата против корупцијата е од суштинско значење за ЕУ и е во сржта на процесот на проширување. Европската комисија ја поздравува проактивноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и остварениот напредок. Но сепак потребно е уште повеќе. Напорите треба да бидат бескомпромисни и постојани. Треба да имаат за цел остварување на структурни и општествени промени, кои треба да се одржат со текот на времето. Исто така не смее да има враќање назад. Европската унија и понатаму активно ќе ја поддржува борбата против корупцијата, преку техничка и финансиска поддршка, како и преку споделување на најдобри практики.”

На конференцијата се обрати и Марин Мрчела, претседател на ГРЕКО.

Мрчела, честитајќи го Меѓународниот ден посветен на борбата против корупцијата се осврна на процесот на имплементирање на препораките на ГРЕКО во земјава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ