среда, 6 мај 2026

Во домот на родителите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јаулески утрово влезе финансиска полиција

Објавено на

часот

Сподели

Јаулески утрово бил во Скопје во станот на неговите родители за денешното гласање во Собранието, но утрово во 5,20 часот биле разбудени од четворица припадници на финансиската полиција.

„Покажаа налог од Основен суд, извршија претрес, му го земаа мобилниот, рекоа дека се работи за предистрага, направија некои записници и си заминаа. Татко ми работи во ЕВН. Ова не е случајно. Ова е очигледен обид за вршење притисок врз мене пред денешното гласање. Ова го нема ни во најлошите режими, како да сме Северна Кореја. За што и да е, не се прави тоа така“,  ни изјави Јаулески.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ