сабота, 2 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Време е Македонија да има документ со црвени линии за јазикот и идентитетот

Објавено на

часот

Сподели

„Блокадата од Бугарија не е заради економската, еколошката, здравствената или земјоделската политика на Македонија, туку заради нивните барања да не се признава постоење на македонскиот национален и јазичен идентитет и континуитет пред 1944 година. Блокадата е заради јасно дефинирање на барање на Бугарија во нивната државна надворешна политика, утврдена во нивното Собрание“, изјави потпретседателот на партијата, Владо Мисјаловски.

Според него, Собранието е највисок државен орган кој единствено го има правото да ги утврди насоките во надворешната политика. Мисајловски обвини дека бегањето од јавноста во утврдување на националните и државни позиции и бегањето од Собранието, „јасно зборува за спремноста на Зоран Заев да нуди, да тргува и да отстапува токму за она што го бара Бугарија“.

„Резолуцијата која ја нудиме е одговор на блокадата, одговор на негирањата и одговор на лошите политики кон Македонија. Собранието на Република Македонија има обврска да ја гарантира европската перспектива на државата заедно и еднакво со заштита на нашите човекови права за самоопределување и правото на сопствен идентитет.

Резолуцијата која ја нудиме не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, таа е документ за кој веќе постои највисок научен и општествен консензус. Формулациите и дефинициите се плод умот и мудроста, совеста и искуството содржани во МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Штом МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА се нашле повикани да обзнанат свој став за македонскиот јазик и идентитет, тоа го направиле зошто сигурно чувствувале дека е загрозен идентитетот. И ние и граѓаните и јавноста веруваме во потребата да се донесе национална позиција, токму каква што виделе овие три највисоки научни и општествени фактори“, вели Мисајловски.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, како што вели, е „политичките партии и Собранието на Република Македонија да постигнат консензус врз основа на научен текст и дефиниции“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ