петок, 15 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: На народот му е преку глава од глупостите и лагите на Заев

Објавено на

часот

Сподели

„Заев тврдеше дека договорот со Бугарија е најдобар, а сега гледаме дека сака да прави нов, кој ги негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.

Зоран Заев работи лошо и на штета на народот.

Заев кажа дека ќе ја воведе таканаречената зелена такса која ќе значи покачување на цената на горивата за нови 4.13 денари.

Зголемувањето на цената на горивата ќе значи зголемување на цените на цела низа производи во чие производство се користат горивата, ќе се зголеми цената и на транспортните услуги и трошоците на земјоделците.

Заев ќе собере 54 милиони евра годишно од зелената такса, а ќе остави илјадници семејства со проблеми во егзистенцијата.

Време е да им ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ