четврток, 14 мај 2026

Претседателката отвори канцеларија за средба со граѓаните: Водно е далеку, овде сите врват

Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја отвори Народната канцеларија на претседателот во Скопје на улицата Димитрие Чуповски бр. 7. Таа истакна дека новото катче е создадено за да биде отворено место за сите – младите, возрасните и пензионерите – каде што ќе се развиваат дијалог, дебата и демократска култура.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислев дека е време уште едно место тука во центарот на градот да им биде во секое време достапно на граѓаните. Водно е далеку, не сите луѓе може да стигнат таму, комплицирано е. Но тука секој ден врват, затоа мислевме дека е добро оваа канцеларија да биде место на кое ќе може секој да тропне, да влезе, да се распраша што може да направи“, посочи таа.

Претседателката откри дека најголема инспирација добила од младите.

– Најголема инспирација добив од средбата со младите кога гледам дека овој простор пулсирал, многу млади се обраќале и во основните и во средните училишта и на факултетите. Има таленти што не може својот талент да го изразат на својот начин токму поради тоа што е тешко да се дојде до простор и мислевме зошто овде да нема изложби, дебати, концерти, плакати, да има едно катче, простор каде што ќе се менуваат на волонтерска основа оние што се овде – образложи Сиљановска-Давкова

Таа најави дека вакви канцеларии ќе се отвораат и во други градови.

„Ова е почеток, јас имам намера и во другите градови да отвориме, да позајмиме или да побараме простор од градоначалниците за да може, кога ќе одиме во други општини, таму граѓаните да стапат во контакт со нас“, рече таа.

Посочи дека очекува проекти и барања.

„Ние сме подготвени да одговориме на нив, очекувам да работиме тимски, очекувам успех, очекувам нешто што ќе вроди со плод, дијалог, дебата, едно демократско катче“, порача таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ