„Собранието да донесе резолуција со која ќе ја отфрли Декларацијата усвоена на 10 октомври 2019 година од страна на парламентот на Бугарија како спротивна на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија потпишан на 1.08.2017 година и како противречна со Европската конвенција за заштита на човековите права која е ратификувана од двете држави.
Собранието во резолуцијата да утврди став за итно и безусловно отпочнување на преговорите за членство со ЕУ со преговарачка рамка која нема да биде оптоварена со наметнати билатерални прашања.
Собранието во Резолуцијата да утврди општа став во кој прашањето за образованието, историографијата и културата се дефинираат како суверени права на секоја држава, а соодветно на тоа надвор е од сите меѓународни норми да се преговара за посебноста и генезата на македонскиот јазик, етногенезата на македонскиот народ и историскиот континуитет на нацијата”, пишува во предлог заклучоците.
На овие предлог заклучоци се потпишани пратениците Тимчо Муцунски, Ане Лашкоска, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Антонио Милошоски.
На оваа седница присутен е и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој информира за преговорите со Бугарија.






