
„Белград никогаш нема да ги пушти во ЕУ пред себе, но можеби и Србија, исто така, не сака да влезе во Унијата. Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија пред четири години, сѐ уште би требало да има ‘тежина‘, бидејќи е официјален договор меѓу две држави и ако се однесуваат сериозно кон меѓународните односи, кон нивната иднина и кон народот, тој би требало се почитува“, додаде тој.
Според Топалов, Северна Македонија за жал не го спроведува договорот.
„Пратениците во Република Северна Македонија изгласаа Резолуција според која Договорот меѓу нашите две земји е бесмислен и ги разнебитува нашите идни односи, бидејќи е чекор назад не само во односите со Бугарија, туку и со Грција. Грчкото општество веќе масовно не го прифаќа Договорот од Преспа и е против него. На Грција ѝ треба само еден обид од Северна Македонија да се врати на ‘антиквизација‘ за да ги расипат односите“, додаде тој.
Како што изјави Топалов, следната седница на Заедничката историска комисија треба да се одржи во втората половина од октомври.






