Jaнев изјави дека се случи голема трагедија што ја потресе целата јавност.
„Загинаа 45 луѓе на автопатот ‘Струма’, изразувам сочувство до нивните семејства. Оваа трагедија налага државата брзо да реагира, најнапред да се утврдат причините за несреќата. Се разбира, останува на надлежните органи и институции да ги утврдат причиините, и во иднина да не се случуваат несреќи“, изјави Јанев.






