Од овој момент тече рокот за поднесување приговори кој изнесува 48 часа за овластените претставници. Рокот истекува в среда во 14 часот, бидејќи тогаш беше објавена и конференцијата, информира Даштевски.
Тој посочи дека има некои забелешки и многу записници, па затоа и тече рокот за приговори.
„Ќе видиме дали некој ќе поднесе приговор во овие 48 часа, ако поднесе, ние ќе одлучуваме“, рече Даштевски.






