Портпаролот рече дека ВМРО-ДПМНЕ верува дека потписниците на иницијативата за гласање недоверба на власта ќе се одважат да се издигнат, како што нагласи, над непристојните предлози и над заканите.
„Како опозиција ги регистрираме и собираме сите вакви наводи, докази, сите непристојни предлози од Заев и неговата свита во заминување, сите злоупотреби на функции и институции, правени само и само Заев да не се соочи со волјата на граѓаните. Како партија и како коалиција за рушење на оваа власт, веруваме во чесноста на потписниците на иницијативата, и во нивниот јасно изразен став – дека актуелната власт не може да се справи со кризите коишто сама ги предизвика. Никој од потписниците на листата од новото мнозинство во парламентот не верува дека власт предводена од СДСМ треба да остане на чело на државата“, рече Стоилковски.






