Љуљзим Сулејмани се чувствува добро, вели амбасадорот.
Инаку, 26 – годишниот Љуљзим Сулејмани е единствениот патник со српски пасош. Тој патувал со својата вереничка, 25 – годишната Медина Луфтиу од Куманово, која исто така е спасена. Во несреќата се здобиле со изгореници, но се во добра состојба и, според тоа што му било кажано на амбасадорот, можно е веќе во петок да излезат од болницата.
„Се надеваме дека што побрзо ќе излезе од болницата и дека со својата вереничка, државјанка на Република Северна Македонија, која е исто така повредена и се наоѓа во истата болница, ќе го продолжат заедничкиот живот и што побрзо ќе ја заборават оваа голема трагедија“, се вели во соопштението на Амбасадата на Србија во Софија.
На крајот од објавата амбасадорот им се заблагодарува за помошта на бугарскиот премиер и на бугарското Министерство за надворешни работи.
Љуљзим и Медина заедно биле на неколкудневна прошетка во Истанбул.






