недела, 3 мај 2026

Спој на партискиот и државен ангажман на министри во работно време

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Нуредини рече дека бил на една локација во населбата Чаир за да види до каде е реализацијата на еден проект поврзан со регулација на водоводни и отпадни води финансиран од државата и дека попат застанал во седиштето на ДУИ.

„Ако се процени дека било грешка ќе преземам одговороност и ќе ги сносам последиците“, рече Нуредини и нагласи дека во попладневните часови вози приватен автомобил дури и кога извршува државни работи.

Покрај него за користење на службен автомобил во работно време за партиски активности до антикорупционерите е пријавен и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот рече дека и тој и Нуредини секојдневно работат за развој на општеството и дека во приватниот живот докажале дека привилегиите не им се важни.

Токму сега пак, министерката за труд и социјална политика во работно време се појави на увид на завршните работи на изградбата на детска градинка во Волково, заедно со кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска недела изјави дека ќе побара од Владата одговорност за министрите кои за работно време имале партиски активности и се возеле со службени возила од министерствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ