„Се сеќавате дека во 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Северна Македонија треба да продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви коишто лобираа Северна Македонија да се одвои. Отсекогаш предвидував дека овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока“, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конферениција со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.
Тој оцени дека е важно е и дека ќе ѝ даде поттик на целокупната регионална интеграција, доколку Албанија и Македонија се држат заедно и ги започнат преговорите заедно при крајот на годината, во текот на словенечкото претседателство., Потоа, како што рече, секој ќе се движи со својата среќа и брзина што ќе ја наметне.
„Мислам дека почетокот е важен затоа што Комисијата потврдува дека двете држави ги исполнуваат условите. И навистина би било лоша порака ако поради прашања коишто не се поврзани со ЕУ, едната држава не продолжи. Мислам дека тоа ќе создаде значителен удар на кредибилитетот на европските интеграции во државата и во регионот“, рече Османи.






