Обичниот човек ќе рече дека сливата ѝ пркоси на есента. Дека му пркоси на моменталното време… Без оглед на тоа што за пркосот рекоа дека не е добра работа. Ама, тоа се однесуваше за политика. Ај да си признаеме, во секојдневието пркосот се прифаќа како позитивна карактеристика на неоправданите, потценетите…
Пркосните ги сака сонцето, ете ја радовишката слива како доказ. Сонцето ѝ подари нов процут во време – невреме.

А, кога слива цути се предвеснуваат само добри нешта, така вели народот. Што ли може да се изроди од цутот? Во ноември – декември не веруваме дека ќе се јадат зрели сливи. Тогаш?
Аха, гo спомнавме и декември? Нешто се чека во декември? Точно на средината од тој месец? Ете, мора тоа да е.
И, за радовишкото чудо ќе се дознае дур` до Брисела града.
Зрели сливи ќе има – сѐ во свое време.
П.Џ.






