Истрагата утврдила дека замената на плочата ја направил член на семејството на војводата Скочивирчето, констатирано е и дека надгробната плоча не потпаѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.
Член на семејството на војводата Велко Скочивирчето, во договор со црковниот одбор на црквата „Архангел Михаил“ во прилепското село Клепач на своја иницијатива и ангажман ја извршил замената на надгробната плоча, при што самоволно одлучил да ја смени содржината и јазикот, се вели во реакцијата од МНР.
За овој случај имаше протестна нота од Бугарија.






