„Господинот Мицотакис преку неговиот портпарол, наместо да испрати јасна порака за поддршка на Договорот, се фали дека наводно е оправдано што веќе две години го поткопува, со нератификувањето на Меморандумите, во период на дестабилизација на Владата на Заев што ја прифати промената на уставното име на Северна Македонија, и додека неговите истомисленици, оние од ВМРО, се закануваат дека ќе ги вратат иредентизмот и името Македонија без придавка,“, соопшти Сириза.
Опозициската Сириза, како што пренесува МИА, нагласува дека меморандумите „обезбедуваат воздушниот простор на соседната земја да го надгледуваат грчки воени авиони” и порачуваат дека „Владата на Мицотакис, не е опасна само за јавното здравје, туку и за надворешната политика на земјата”.
Соопштението доаѓа по ставот на портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, кој на вчерашниот брифинг со новинарите, рече дека нивниот избор да не брзаат со ратификација на Меморандумите со Северна Македонија „се покажува како правилен, бидејќи тие се механизам за контрола на правилното спроведување на Договорот од Преспа”.






