„Минимална е бројката на граѓани кои одбиле да бидат попишани. Но и тие граѓани кои не се попишани, или не е успеано да бидат попишани, ќе влезат во податоците, зашто се дел од базите на податоци“, изјави диркторот Симовски.
На прашањето дали граѓаните кои одбија да бидат попишани ќе бидат казнети, Симовски рече дека во старт целта не била да се казнува, но и додаде дека оние граѓани кои одбиле да се попишат ќе добијат соодветна пријава базирана на изјава од попишувач.
„Како овие пријави ќе завршат, тоа веќе не е во наша моќ“, рече Симовски.
Пописот е целосно успешен, нагласи Симовски и рече дека треба да им се члестита на сите вработени во Заводот, на медиуимите, како и на други институции, затоа што, како што оцени, „по 20 години имаме успешна статистичка операција на попис на населението“.
Со пописот се регистрирани 568.175 домаќинства и 837.255 станови во земјава. Од опфатените објекти за живеење 91 процент биле предмет на пописот, а останатите девет отсто не се за домување.
Симовски рече дека споредбата на податоците ќе се врши за време на обработката на податоците во наредниот период, а дека конечните податоци ќе бидат објавени во рок од 6 месеци, до крајот на март идната година.
На прес-конференцијата говореше и заменик директорот Иљми Селами, кој на истите прашања зборуваше на албански јазик.







