„Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него.“

Борис Крмов, пратеникот на Левица реагираше на својот фејсбук-профил: „Шкодране Дардишта кадар на ДУИ се заканува со војна ако на нејзината партија не ѝ се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!?“







