недела, 3 мај 2026

Шилегов: Скопје опстојува како град благодарениe на еснафот и чаршијата

Објавено на

часот

Сподели

„Уште во 2018 година, заедно со чаршискиот еснаф и пазарџиите од Бит Пазар системски започнавме со расчистување на дивите продавачи по булеварот ‘Крсте Мисирков’. Заедно со ‘Скопски пазар’ им овозможивме иницијално бесплатни тезги на пазарот, а со нашите јавни претпријатија го реконструиравме тротоарот и засадивме нов дрворед за да го облагородиме просторот. Денес, Бит Пазар е целосно реновиран, со нов паркинг простор кој дополнително им го олеснува пазарувањето на граѓаните, а тезгите на пазарџиите ги прави дополнително атрактивни”, изјави Шилегов.

Тој рече дека Скопје како град е создаден и одржуван во живот со векови благодарение на својот еснаф, на луѓето кои отсекогаш твореле и тргувале во старата чаршија – на фурнаџиите, берберите, часовничарите, сервисите, златарите и останатите занаетчии.

„За сите нив, Град Скопје воведе програми за поддршка со кои на старите занаети им се овозможи одржливо постоење и создавање, заштита на нивните дуќани и работилници и едукација. Се воспостави партнерство со новите занаети, малите бизниси, новите сервиси и продавниците кои секојдневно се отвораат низ нашиот град, а сопствениците добија и награди за нивниот успех и иницијативност. Во изминатите 4 години скопските занаетчии добиваат субвенции од градот за набавка на алати и репроматеријали до 80% од нивната вредност, или до максимум 50.000 денари по занаетчија“, рече Шилегов во разговор со занаетчиите.

Тој нагласи дека чаршијата опстанала со години затоа што луѓето си помагале еден на друг кога било најтешко и додаде дека во време на пандемијатаГрад Скопје донесе неколку превентивни мерки за полесно справување на еснафот со рестрикциите.

„Ги укинавме трошоците за фирмарина на сите економски субјекти на територијата на Град Скопје, како единствена давачка на бизнисите кон градот, пренасочени се буџетските средства во градежна офанзива, со која се реконструираа преку 20 улици во една сезона, со цел стимулирање на работните места во градежништвото и придружните индустрии. На угостителите и другите еснафи кои користат јавен простор пред своите дуќани им беа простени комуналните такси, за да им се олесни намалената посетеност и промет во услови на пандемија на коронавирусот“, нагласи градоначалникот.

Според него мерките се успешни, работниците останале на работа, а дуќаните останале отворени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ