Премиерот на Бугарија Петков побара да види какви се можностите за воведување на летот Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја, изјави министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев на состанокот на Комитетот за транспорт во Националното Собрание.
Сабев рече дека бил поканет од премиерот Петков да го придружува за време на неговата посета на Македонија и дека ќе преговара за, како што вели, „да има лесна и брза транзиција”.
Министерот за транспорт Сабев воедно, наведе дека се преговара со конкретни авиокомпании кои би биле заинтересирани да вршат летови од Софија до Скопје и обратно.






