
Затоа, како што вели, двете држави заслужуваат преговорите да ги започнат што е можно поскоро.
„Се надевам дека сите европски држави ќе ја разберат стратешката важност од тоа да им дозволат на овие две држави да ги започнат преговорите за членство. Се надевам дека Европската унија, како и одделните земји членки, ќе ја осознаат стратешката важност на европската интеграција на балканските држави“, порача Ескобар на брифинг со новинари.
Тој ја коментираше и ситуацијата во Босна и Херцеговина и предупреди дека заканите на босанските Срби за отцепување од БиХ претставуваат прекршување на Дејтонскиот мировен договор и тоа само ќе ги доведе до „изолација и економски очај“.
Ескобар, исто така нагласи и дека САД остануваат силно посветени на зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.






