недела, 3 мај 2026

Русија одговори, македонската амбасада во Москва остана само со в.д. амбасадор

Објавено на

часот

Сподели

Денеска ова известување ѝ било врачено на вршителката на должноста амбасадорка на Македонија во Русија

„Ова е одговор на одлуката на Северна Македонија кога во август без никакви причини за персона нон грата беше прогласен руски дипломат од амбасадата на Русија во Скопје“, се вели во соопштението на руското МНР.

Ова е втор дипломат на Македонија протеран годинава од Русија како одговор на одлуките на македонските власти. Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи во август изјави дека се надева дека Русија нема да го протера единствениот македонски дипломат останат во амбасадата во Москва, в.д. амбасадорката.

„Одлуката на руското министерство за надворешни работи, за протерување на дипломатот кој неодамна беше делегиран во Руската Федерација, преставува возвратна политичка одлука без никаков мериторен основ. За претходното протерување на рускиот дипломат од Северна Македонија беа доставени евидентирани докази за негово дејствување во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи. Оттука, денешниот потег на руската страна е во целост неоснован и негативно ќе се одрази на обидите за унапредување на односите меѓу двете земји“, соопшти македонското МНР.

Првиот руски дипломат од Македонија беше протеран во мај со објаснување дека се занимавал до недипломатски работи. Македонија и во 2018 година прогласи еден руски дипломат за непожелен во знак на солидарност со Велика Британија, НАТО и ЕУ, а во врска со случајот Сергеј Скрипаљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ