четврток, 7 мај 2026

Рот: Крајно време е конечно да почнат преговорите со Скопје и Тирана

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме едноставно да дозволиме овие држави да продолжат да чекаат, иако ги исполнија условите“, рече Рот.

Во изјава што ја објави на својот Твитер профил, Рот ги повика членките да испратат „сигнал за старт на преговорите“ со Македонија и Албанија и порача дека „билатералните прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија мора да се решат билатерално“.

Министрите на ЕУ на денешниот состанок во Брисел треба да ја проценат состојбата и евентуалните нови чекори во процесот на пристапување на земјите кандидати за членство во ЕУ. На состанокот ќе се разговара за натамошен напредок во процесот на пристапни преговори со Србија и Црна Гора, при што голем број министри, според неофицијалните најави, во прв план на дискусијата ќе го стават почетокот на преговорите со Македонија и Абанија.

Претседавачот со денешниот Совет на ЕУ, словенечкиот државен секретар Гасар Довжан, најави дека во наредните недели се очекува „многу работа“ за решавање на билатералниот спор меѓу Скопје и Софија, кој две години го блокира отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ