четврток, 7 мај 2026

Роднини на патниците бараат информации, од „Беса транс“ никој не одговара на повиците

Објавено на

часот

Сподели

„Од 6 утрово се информираме преку Фејсбук, бидејќи братучед ми е во Турција. Веќе три-четири часа се јавуваме во ‘Беса транс‘. Немаме никаква информација, ниту пак се јавуваат. Тоа не е добро. Како што знаат да организираат екскурзии, така сега кога е трагично треба да се поактивни. Ги замолувам институциите да ги информираат луѓето“, изјави Џељал Бакиу, роднина на патник кој требало да се врати од Турција.

Седиштето на агенцијата во Скопје од утринава го обезбедуваат неколкумина полицајци. Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа најмалку 46 лица кои се враќале од Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ