четврток, 7 мај 2026

Рама: Нема зборови на утеха

Објавено на

часот

Сподели

„Нема зборови на утеха за трагедијата на автобусот од Северна Македонија во Бугарија, каде што животот го загубија речиси сите патници.Огромна болка“, напиша Рама.

И лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

„Шокиран сум од страшната трагедија во Бугарија која предизвика загуба на толку многу животи на патници, меѓу кои и многу наши сонародници, меѓу кои и многу малолетници. Длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите. Господ да им даде сила да се соочат со оваа страшна болка“, пишува Баша.

Албанските медуми, без исклучок, сите пренесуваат информации за несреќата, како и за итното заминување за Бугарија на премиерот Зоран Заев и министрите Бујар Османи и Венко Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ