
Радев, во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кажал дека официјална Софија очекува дијалогот со Северна Македонија да доведе до конкретни резултати, јавува МИА од Софија.
Бугарскиот претседател, како што кажал, смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Македонија.
Како главна точка во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил почитувањето на правата на Бугарите во Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство во Македонија.






