недела, 3 мај 2026

Прва посета на македонски претседател на Грција, пред Претседателската палата се интонираше македонската химна (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски беше пречекан од претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу кои ќе имаат тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Македонскиот претседател ќе оствари средба и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во текот на денот ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

Во рамки на посетата, претседателот ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која што во рамки на дамската програма, ќе ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на министерка за култура и спорт на Грција Лина Мендони.

[video:https://youtu.be/rQ4cyMeOQTo autoplay:0]

Од Атина за МКД.мк

Жана П. Божиновска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ