среда, 6 мај 2026

Пратениците на Алтернатива до среда ќе размислуваат како ќе гласаат в четврток на седницата за доверба на Владата

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент, рече, немаат никаква одлука, но дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.

„Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имаме  тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива“, рече Муртезани.

Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтенатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини и Хусни Исмаили.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ