среда, 6 мај 2026

Позитивен на ковид-19 е Папазов, градоначалникот кој што се онесвести на прес-конференцијата на Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

Сите градоналалници кои присуствуваа за време на изјавата на Мицкоски, веднаш изреагираа и му помогнаа на Папазов, кој беше легнат на земја.

Мицкоски веднаш ја прекина прес-конференцијата, a на новинарите им кажа дека градоначалникот е добар.

Папазов доцна попладнево добил позитивен резултат на ПЦР-тестот за ковид-19 што го направил во кочанскиот Центар за јавно здравје.

Во текот на денот, на негово барање му бил направен амбулантски преглед, откако се посомневал за здравствената состојба по претходниот позитивен резултат од брзиот антигенски тест. Подоцна му е извршено снимање на томографот во штипскиот ковид-центар, но не е задржан на болничко лекување.

Во кусата телефонска изјава за МИА, Папазов потврдил дека се чувстува добро, без видливи симптоми на ковид-19, иако и двата теста го потврдиле присуството на коронавирусот.

Папазов вчера ја презеде градоначалничката функција, но од денесека е на боледување и работните обврски ќе ги координира од домашна изолација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ