четврток, 7 мај 2026

Поради Македонија Бугарија во ЕУ е како лута неразбрана девојка, но ќе настапат САД, вели Керемедчиев

Објавено на

часот

Сподели

Според Керемедчиев, Бугарија се однесува како лута девојка, но всушност Бугарија е членка на ЕУ и не треба да дава објаснување на кандидат за членство во ЕУ. Нејзиното однесување многу повеќе боли бидејќи другите западноевропски партнери не ја разбраа позицијата на Бугарија, рече Керемедчиев.

Според него, како што пренесува МИА, претседателот на Бугарија Румен Радев кој го доби победничкиот втор мандат, има поинаква визија од лидерите на „Продолжуваме со промената” за односите на Бугарија со Македонија.

„Расположението во Бугарија прилично се совпаѓа со ставот на претседателот Румен Радев, но треба да се напомене дека следната година притисокот врз Бугарија, особено од САД, ќе биде исклучително силен“, рече Керемедчиев, а како пример укажа на изјави од Конгресот на САД, oдоносно од конгресмени кои упатија писмо до бугарскиот амбасадор во Вашингтон во кое се вели дека Софија треба овозможи почеток на преговори за Македонија и Албанија.

За Крим и говорот на Румен Радев на дебатите со неговиот противкандидат проф. Анастас Герџиков пред вториот круг од изборите, Керемедчиев истакна дека ова е предизборна изјава за одреден електорат во Бугарија. Според него, реакцијата на Украина била нервозна бидејќи тамошните власти се чувствуваат предадени од САД и Европа. Керемедчиев истакна и дека тензиите со Турција околу изборите и гласањето на бугарските иселеници од Турција, не е преседан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ