недела, 3 мај 2026

Пописот вечерва завршува, се гасне и апликацијата за дијаспората

Објавено на

часот

Сподели

Државниот завод за статистика вели дека во поголемиот дел од општините низ државата теренските активности се завршени и таму се одвиваат технички активности на раздолжување на попишувачите.

Во одредени средини, попишувачите се на терен и се уште посетуваат домаќинства за никој на да не биде испуштен.

„Ова се изолирани случаи во кои попишувачот не успеал да оствари контакт со граѓаните и да ги попише и затоа Државниот завод за статистика апелира до сите граѓани кои се сè уште непопишани, да ги посетат пунктовите во своите општини и да се попишат. Исто така, и во зградата на Државниот завод за статистика, на ул.Даме Груев бр.4, постои пункт каде што можат да се попишат лица од целата територија на град Скопје“, информираат од ДЗС.

Државниот завод за статистика успешно ја реализираше најголемата статистичка операција, се вели во соопштението од ДЗС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ